Група Тандеми повеќе преферираат да се застапени на медиуми отколку на фестивали

Please follow and like us:
Pin Share

Група Тандеми досега имаат три фестивалски настапи. Тие не преферираат да пеат на фестивали, но имаат бројни гостувања низ медиумите.

Група Тандеми ретко може да ги видиме на фестивалите низ Македонија. Тие досега имаат три фестивалски настапи, а велат дека повеќе милуваат да се промовираат на медиуми, отколку на фестивали. Последниот настап им бил пред неколку години на Охрид фест.

-Последниот фестивал ни беше Охридски трубадури со песната Љубиш лажеш, текст и музика на Боби Серафимоски, аранжман на Саше Младеновски. Инаку да се пофалиме дека таа песна беше наменета за Харис Џиновиќ, но ние си ја зедовме и си ја направивме на македонски. Секој со своето искуство, ние на тој фестивал се појавивме бидејќи песната навистина ни се допадна и ни излезе шанса, инаку слабо настапуваме на фестивали. Ние сме повеќе по медиумите, а фестивалски многу не преферираме. Во нашата кариера имаме три фестивали, на трубадури двапати и уште еден.-вели Горан, вокалот на бендот.

Покрај тоа што се медиумски застапени, тие периодов се доста ангажирани на семејни веселби низ целата земја. За скоро време најавуваат нова песна со печалбарска тематика, за која планираат да снимат и видео запис во соработка со ИН Продукција.

Please follow and like us:
Pin Share