Сите негови фестивалски песни собрани во едно ЦД

Please follow and like us:
Pin Share

Минатата година ја заокружи со издавањето на неговото најново ЦД на кое ги одбележува речиси сите

негови хитовски рефрени. Новото ЦД од фолкерот Дарко Стојаноски,  кое е насловено по неговиот најголем хит “Отвори порти невесто” брои тринаесет песни.

-Тука на ЦД-то има 13 песни, горе-долу сите се фестивалски песни , значи имам две на “Роса”, на “Лешочки” фестивал, повеќето се нa “Тетовски Филиграни”, а секако имам и неколку изворни песни, со понов ангажман. Има уште неколку патриотски песни, тоа се околу пет патриотски песни, но не се ставени на ЦД-то. Тоа се првите песни од кога настапував на “Гоце фест”, но мислев дека не одт толку патриотски песни на едно ЦД, можеби некогаш ќе снимам уште некоја и ќе едно ЦД, се за Македонија, да биде цело со птриотски песни, истакнува Дарко.

Како што додава Дарко, повеќето негови песни од ова ЦД се речиси наменски , или може да се каже соодветно посветени.

-Песната “Отвори порти”, се испеа, ја снимивме, точно пред да се женам. Значи дојде денот јас да се оженам и  баш испадна така. Веднаш потоа наредната година 2010, на “Роса” фест ја испеав песната “Филип да е името”, за моето прво синче. Сега за другото, имам уште едно синче Андреј, за него немам песна, се спомнува во една песна  но не е толку наменска, вели Дарко.

Дарко Стојаноски во периодов кој следува заминува на краткаа турнеја во Канада , на покана на тамошното македонско друштво по повод одбележувањето на манифестацијата “Гоцеви денови” кој со псебна пригодност го одбележуваат празнувањето на овој голем македонски револуционер.

Please follow and like us:
Pin Share