Група Тандеми снимија нови кавери

Please follow and like us:
Pin Share

Нови кавери снимија група Тандеми во студиото на ИН Продукција. На нивниот репертоар се миксови со македонски народни и забавни евергрини, свадбарски сплет и неколку српски.

Скопската група Тандеми снимија нови кавери. Горан, вокалот на групата истакна дека станува збор за познати македонски забавни евергрини, свадбарски сплет и неколку српски и дека тоа се песни кои се најбарани од публиката на нивните свирки.

-Овие песни се дел од свирките кои ги имаме секојдневно. Тоа се познати песни од познати пејачи и со оглед на тоа што на свирки ги прифаќаат, не е ништо ново само во  наш стил направено.-вели Горан.

Момците од група Тандеми овие кавери одлучија да ги снимат во студиото на ИН Продукција во Охрид. За следниот период подготвуваат уште десетина кавери, но најавуваат и снимање на спот за нивната најнова печабарска песна.

-Имаме снимено песна Гурбет”, текст на Гаге, аранжман на Саше Младеноски, таа ни е најнова песна и прва печалбарска за која планираме и спот. Во студиото се спрема уште една песна која е во помодерен стил како што ги работевме нашите сега. Тоа е најново, а кога ќе го направиме спотот ќе се видиме пак и ќе откриеме повеќе.-додава пејачот.

Тандеми најчесто настапуваат на семејни веселби, свадби, а саботите им се резервирани за настап во познат скопски ресторан.

Please follow and like us:
Pin Share