Штотуку се врати од својата кратка турнеја која ја имаше во далечната Канада па фолкерката Татијана Стефановска успеа да биде гостинка во велигденското издание на музичката емисија Наша сцена. Приликата беше идеална таа да се пофали како ја помина својата турнеја во оваа далечна земја и како македонците од оваа дијаспора се веселена на испеаните хитови.
-Синоќа допатував од кратка турнеја во Канада кај напинците во Канада, организирана од МК Естрада. Одличен дочек имавме, како од менаџерскиот тим така и од сите што присуствуваа на тие забави. Одлично си поминавме. Беше кратко но слатко. Малку напорно, но ние сме навикнати на таквиот живот и тоа не претставува некоја голема мака за нас. Синоќа се вратив па еве денеска сум повторно спремна за на емисија во ИН тв, истакнува Татијана.
Впрочем Татијана беше дел од турнејата оној викенд кога во Канада се одбележуваше католичкиот Велигден, време кога македонците во оваа земја се со повеќе слободно време па можат да посетат вакви концерти со македонски пејачи.
-Овој пат кога бев во Канада тие денови на македонците им беа слободни и имаа слободни денови, пример петокот и понеделникот не се работеше тоа ни даде предност нас да се слободни и да дојдат на нашите концерти. Значи користејќи го тој празник , католичкиот Велигден, успеавме ние да направиме концерти. Затоа што тогаш им се слободните денови. Секаде каде што одам во странство нашите македонци секако ги почитуваат и нивните празници и од други вери а и тие ги почитуваат нашите празници, додава Татијана.
Таа за следниов период најавува многу работа на музички план околу снимање нови песни но и кратки турнеи низ Европа.
