Голем верник и максимално посветен кон традицијата

Please follow and like us:
Pin Share

Максимално посветен во својата работа но и принципиелен, познатиот Благојче Стојаноски Туше покрај тоа што важи за еден од реномираните музички имиња на естрадата, слободно можеме да кажеме дека е и голем верник. Тоа го откри на гостувањето во велигденската Наша сцена каде истакна дека секои велигденски пости ги почитува особено последната недела пред Велигден.

-Јас сум голем верник. Постам седум недели, значи цели пости ги постам. Оваа недела без масло. Сабота обично одиме во црква или сабота сабајле или недела сабајле се причестуваме. Недела сабајле одам во село од каде што е татко ми родум. Одиме во село Рајца, по некое време  тму се пеат некои песни Велигденски. Ја завршуваме таму традицијата и се враќаме Ресен дома на ручек, истакнува Благојче.

Веднаш по Велигденските празници Благојче заминува на кратко во далечната Австралија и за само десетина дена се враќа назад со повод, каде што е кум на големата закажана свадба на својот колега Ташко Каранфиловски.

Please follow and like us:
Pin Share