Игор уверен дека ќе успее во народната македонска песна

Please follow and like us:
Pin Share

Младиот Игор Андреевски кој е трета година на музички факултет во Скопје се повеќе ја негува народната песна. Тој неодамна снимаше и кавер македонски песни кои се многу добро познати, слушани и барани од публиката. Како што вели песните се впрочем од неговите колеги и омилени пејачи, Сапсен Силјаноски и Дамјан Стојаноски.

-Уверен сум дека ќе успеам во оваа насока. Дека најдобро го правам тоа и ќе продолжам да ја афирмирам нашата македонска музика. Во иднина планирам и некоја моја авторска песна, истакнува Игор.

Вечешката почва е исклучително позната по бројните музички имиња но и богатата музичка ризница која ја поседува, пред се во поглед на староградските песни. Игор се  повеќе се пробива и наметнува над музичкиот аудиториум и во овој крај.

-Искрено, немаме некоја голема соработка но меѓусебно се знаеме, се почитуваме. Искрено , повеќе имам соработка со кичевчаните Костадин Крстевски кој свири на хармоника и Даниел Божиноски на саксафон. Со нив многу соработувам , а од Велес многу не соработуваме, додава Игор.

Токму во таа насока како што додава Игор дошла и блиската соработка со кичевчаните, при што и песните кои ги отпеа во проектот потекнуваат од овие краишта. Првата релација е песните кои ги пеам од западниот дел на Македонија, а втората релација што заедно студираме на факултет, појаснува Игор.

Please follow and like us:
Pin Share