Неодамна момците од тиквешкиот бенд “Класико” снимија нов видео музички проект во кој се застапени песни од тиквешкиот крај, впрочем оној вид на музика кој бендот најповеќе го негува. Опстојуваат долго време на музичката естрада и се доста барани со свои настапи во овој предел, а бендот се состои од 6 членови.
-Ќе почнам од мојот колега Димитар Лазов –клавијатури, Идает Сејфулов-кларинет и саксафон, Драган Петков-хармоника, Игор Иловски-ударни инструменти, истакнува Чеде, вокал на бендот.
Последниве три години бендот е во придружба и со женскиот вокал Ангела Стефковска која одлично се надоволнуваат во музицирањето. Околу тоа како се соединуваат за да творат музика со оглед на големите работни ангажмани, Чеде истакнува
-Имаме некој принцип на работа. Во текот на една работна недела се собираме и правиме од два до три проби. Викендите сме ангажирани со настапи и во глобала така функционираме, додава Чеде.
“Класико бенд” најповеќе се застапени на свадбените прослави во тиквешкиот регион. Помеѓу другото тие бележат настапи и свирки и во дискотеки , ноќни клубови со оглед на тоа што свират и забавна музика, се со цел да ги задоволат сите вкусови на публиката кои ги бара од нив.
