По одличниот настап на Винскиот фестивал во Битола, момците од Здраве Music продолжуваат со незапирливо темпо и уште еднаш покажаа зошто важат за една од најбараните музички групи во Македонија.
Овојпат, атмосферата ја доведоа до вриење на манифестацијата „Виноскоп“, која се одржа во Градски парк – Школка во Скопје, каде илјадници посетители уживаа во музика, вино и незаборавна забава до доцна во ноќта.
Рамо до рамо со своите повозрасни и веќе докажани колеги на сцената, Здраве Music успеаја да ја кренат публиката на нозе и да направат вистински музички спектакл. Скопјани во еден глас ги пееја нивните песни, а енергијата која владееше во паркот беше доказ дека групата полека, но сигурно прераснува во вистинска музичка сензација.

Нивната популарност расте од ден на ден, а ангажманите низ целата држава стануваат сè побројни. Организаторите и публиката се едногласни – кога настапува Здраве Music, добрата атмосфера е загарантирана.
Да потсетиме, оваа музичка група веќе во ноември годинава заминува на голема турнеја во Австралија заедно со свои колеги, додека следната година, исто така во ноември, ги очекува и самостојна турнеја низ Австралија – уште една потврда дека нивната кариера оди во нагорна линија и дека најдоброто допрва доаѓа.

