Младата и талентирана македонска пејачка Жаклина Жаки повторно ја изненадува публиката со нова авторска песна и видеоспот – „Ако некогаш“!
Ова е нејзината четврта авторска песна, со која Жаклина продолжува да го гради својот музички пат и да го потврдува препознатливиот стил, исполнет со шарм, емоција и искрен музички израз.
Песната е снимeна во Словенија, каде што Жаклина живее и работи, додека видеоспотот е реализиран на атрактивни локации во Швајцарија и Македонија, во продукција на IN продукција.
Со внимателно избрани кадри, прекрасни пејзажи и визуелна приказна што ја следи музиката, „Ако некогаш“ добива посебна атмосфера и препознатлив печат.

Жаклина Жаки е млада и надежна пејачка која плени со својот изглед, природен шарм и позитивна енергија. Но, нејзиниот талент не завршува само со пеењето – таа е позната и по својата љубов кон музичките инструменти, а особено по мајсторското свирење на мандолина, инструмент кој ѝ дава дополнителна автентичност и посебност.
Токму оваа комбинација од вокален талент, музичка дарба и сценска харизма ја издвојува Жаклина на македонската музичка сцена.
Со „Ако некогаш“, таа најавува уште едно ново поглавје во својата кариера, а четвртата авторска песна е доказ дека нејзината музичка приказна продолжува со сериозни амбиции и многу љубов кон песната.
Жаклина Жаки – име што сè почесто се слуша, талент што заслужува внимание и нова песна што со нетрпение ја очекува публиката!
„Ако некогаш“ – наскоро пред публиката, во продукција на IN продукција.
