За песната „Опасно ме гледаш“, музиката ја напиша токму Ферус, текстот и аранжманот се на Љупчо Соколовски, а снимена е во студиото „Сити саунд“.
За оваа песна Соња, заедно со „Блек меџик“ сними и спот. Видеото е направено во Скопје, а во него се појавуваат музичарите Новица Соколовски и Зоран Стефаноски, танчерки, но и Ферус, во негов стил, во познатиот бел костум. Спотот и песната се снимени во април и ова е негово последно појавување, пред сериозно да се разболи, а потоа и почине.
Затоа, како што вели Соња, почекала со промоција на песната и спотот бидејќи веста за неговата смрт ја шокирала и не можела да се соземе, особено што засекогаш ќе и останат сеќавањата на тоа дружење.
-Јас и Ферус работно ги поминавме тие денови и во дружење, не знаејки дека се тоа негови последни денови. Многу ми е жал што Ферус не успеа да се израдува на тоа што го направивме. Неговиот тон нема да го има ниеден саксофонист. Беше маестрален. Се дружевме две недели. Последниот ден побара да одиме во слаткарница. Бевме со Зоран, неговиот син Илми и ќеркичката Мелек. Последното парче торта во неговиот живот го изедовме заедно, вели тажно Соња и додава:

\
