(ВИДЕО) Ѓоко Јовиќ го објави спотот за песната “Прелетај соколе”

Please follow and like us:
Pin Share

Дали го погледнавте и дали ви се допадна новиот спот на Ѓоко Јовиќ за неговата најнова песна која што е насловена “Прелетај соколе” ?!

Еден од најпознатите македонски пејачи, Ѓоко Јовиќ, го промовираше спотот за најновата песна која ја подготви периодов, а која што носи наслов “Прелетај соколе”.

Зад текстот се потпишува младиот и веќе докажан текстописец Александар Стевановски, музиката е дело на Ѓоко Јовиќ, а аранжманот го направи Дамир Имери.

Видеото за оваа песна се снимаше на повеќе локации во Скопје и околината, а спотот и овојпат го изработија неговите долгогодишни соработници од ИН Продукција.

Со оглед на тоа што песната е посветена на нашата татковина Македонија, Јовиќ во неодамнешното интервју за ИН ТВ истакна дека песната е работена со многу труд и љубов, но сепак крајниот збор ќе остави да го каже публиката.

Во продолжение погледнете го видеото и уживајте во “Прелетај соколе” !

Please follow and like us:
Pin Share