Челик бенд го имаат новиот свадбарски хит

Please follow and like us:
Pin Share

Кумановке фраерке”, “Турнеја” и најновата “Старосватска” на Челик бенд деновиве беа претставени во студиото на ИН Продукција. Тие тука не запираат и најавуваат уште неколку нови песни.

Пред само неколку денови гости во студиото на ИН Продукција беа момците од Челик бенд кои за гледачите претставија три нивни песни, од кои и најновата со наслов “Старосватска”. Како што кажува самиот наслов станува збор за доста убава свадбарска, но и наменска песна која е дело на Игор Трајковски.

-Со Кумановке фраерке настапивме на фестивалот во Куманово, Тумба Фест 2019, таму ја промовиравме за првпат, потоа во 2020-та година добивме награда за најслушана песна, а воедно ја промовиравме и Турнеја. Старосватска ја извадовме пред околу 5-6 месеци, но премиерно ја изведуваме тука во ИН ТВ. Таа е свадбарска песна, наменета за Старосват. Песната е дело на композиторот Игор Трајковски кој воедно го направи и аранжманот. Се надеваме дека ќе биде убаво прифатена од народот.-истакна Филип, вокал на бендот во интервјуто за ИН ТВ.

Вокалот на Челик бенд вели дека и понатаму ќе продолжат со работа и снимање нови песни. Иако 2020-та година помина доста лошо за нив музичарите, се надеваат дека следната 2021-ва година ќе биде подобра и поуспешна за сите.

Please follow and like us:
Pin Share