🇲🇰 ВРЕМЕ Е! МОЌНА ПАТРИОТСКА ПОРАКА ОД ИГОР БЕЖАНОСКИ ШТО ГО РАЗБУДИ МАКЕДОНСКОТО СРЦЕ 🇲🇰

Please follow and like us:
Pin Share

Само две недели по промоцијата на хитот „Јано моја“, македонскиот пејач Игор Бежаноски повторно изненадува, но овојпат со сосема поинаква музичка приказна. Неговата најнова песна „Време е“ носи силна патриотска порака упатена до Македонците ширум светот, повикувајќи на единство, гордост и зачувување на националниот идентитет.

Станува збор за емотивна и моќна композиција која уште од првото слушање буди чувства и потсетува на вредностите што нè поврзуваат како народ, без разлика каде живееме.

Видеоспотот за песната е реализиран на повеќе атрактивни локации, а во неговата изработка учествуваат бројни статисти и актери, кои дополнително ја доловуваат пораката и атмосферата на песната.

Текстот е дело на познатиот македонски текстописец Крсте Мечкар, кој живее и работи во Австралија, автор и на добро познатата патриотска песна „Велат не нема“. Музиката ја потпишува самиот Игор , додека за видео продукцијата се погрижи IN Продукција, која уште еднаш покажа врвен професионализам.

Премиерното емитување на песната денес се случи на Телевизија ИН, единствената македонска музичка сателитска телевизија, а видеото веќе е достапно и на YouTube.

🎶 „Време е“ не е само песна – тоа е повик, порака и потсетник дека Македонија живее во срцата на Македонците каде и да се наоѓаат.

▶️ Послушајте ја песната и погледнете го видеоспотот – сигурно ќе ве допре и ќе ве исполни со гордост. 🇲🇰❤️

Please follow and like us:
Pin Share