Австралија се подготвува за една од најатрактивните македонски музички турнеи во последните години. Во ноември 2026 година, на големата австралиска сцена пристигнуваат три имиња кои во моментов предизвикуваат огромен интерес кај македонската публика – хитмејкерот Спасе Антевски, миленикот на публиката Ташко Каранфиловски и музичката атракција Здраве Мјузик.
За првпат пред македонската дијаспора во Австралија ќе настапи Спасе Антевски, автор и изведувач на хитот „Шербет, млада невесте“, песна која веќе одамна ги освои веселбите, свадбите и музичките настани ширум Австралија. Неговиот настап се очекува со големо нетрпение, а љубителите на македонската народна музика конечно ќе имаат можност во живо да ги слушнат неговите најголеми хитови.

Посебно внимание привлекува и Ташко Каранфиловски, кој токму со оваа турнеја ќе ја има својата прва официјална австралиска турнеја. Неговата енергија, харизма и репертоар веќе го направија еден од најбараните пејачи кај помладата генерација, а организаторите очекуваат огромен интерес за неговите настапи.
Музичката приказна ја заокружува и Здраве Мјузик, кој во Австралија пристигнува во засилен состав, заедно со познатиот тапанар на Астра Бенд – Томче. Со нивната препознатлива енергија и модерен пристап кон македонската музика, тие ветуваат незаборавни вечери исполнети со песна, игра и одлична атмосфера.
Концертите ќе се одржуваат во познати дискотеки, како и во големи и луксузни концертни сали низ повеќе австралиски градови. Организаторите најавуваат музика за сите генерации и вкусови – од најголемите народни хитови до современи македонски песни кои денес ја освојуваат публиката.
Според првичните најави, се очекува рекордна посетеност, особено од помладата македонска публика која со нетрпение ги очекува овие настапи.
Македонци во Австралија, подгответе се! Ноември 2026 носи музички спектакл, многу емоции, одлична забава и вечери кои долго ќе се паметат. Големата австралиска турнеја доаѓа – а атмосферата допрва ќе се вжештува! 🎤🇲🇰🇦🇺
