ОХРИД ВО РИТАМОТ НА СПОМЕНИТЕ: „РАСПЕАНО РИБАРЧЕ“ ПОЛНИ 27 ГОДИНИ МУЗИЧКА МАГИЈА – ОД ДЕТСКИ СОН ДО МЕГА ФЕСТИВАЛ!

Please follow and like us:
Pin Share

Во срцето на Охрид деновиве повторно се испишува уште една голема страница од една од најубавите детски музички приказни во земјава – Распеано Рибарче, кој оваа година го слави своето 27-мо издание.

Од 1998 година до денес, низ фестивалската сцена поминале безмалку 3000 млади учесници – деца чии први чекори на сцена денес се претвориле во животни приказни. Она што го прави овој фестивал посебен е токму кругот на генерации: некогашните учесници денес се родители, кои со емоции ги носат своите деца – а некои дури и своите внуци – да ја продолжат традицијата.

„Искрено, ни самите не можеме да поверуваме дека оваа охридска приказна трае 27 години. Од мало фестивалче, денес прераснавме во вистински ФЕСТИВАЛ,“ беше истакнато со голема емоција од организаторите.

Оваа година манифестацијата добива и сосема нова димензија – вистинско „мега“ издание со 48 пејачи, 43 нови песни и околу 50 танчери, кои заедно создаваат сцена полна со енергија, боја и детска радост.

За енергијата на сцената и беспрекорната атмосфера се грижи Жито Леб, верен соработник од првиот ден на фестивалот.

Зад организацијата и безбедноста стои и Црвен крст на Охрид, која секогаш е присутна како сигурна поддршка на настанот.

Голема институционална поддршка пристигнува од Општина Охрид и градоначалникот Кирил Пецаков, кои ја препознаваат важноста на оваа културна манифестација за градот и младите генерации.

Зад секој кадар, секој момент и секоја емоција стојат и медиумските и продукциските екипи – INTV Македонија и IN Production, кои со години ја документираат оваа уникатна приказна.

И како што вели и химната која веќе е препознатлив белег на фестивалот:

„Долго плови и на бранче, распеаното рибарче…“ 🎶

Охрид повторно живее во ритамот на детската песна, а „Распеано Рибарче“ уште еднаш потврдува дека вистинските приказни не стареат – тие растат, созреваат и стануваат легенда.

Please follow and like us:
Pin Share