„ЗДРАВЕ МЈУЗИК“ ЈА ОСВОЈУВА МАКЕДОНИЈА – БИТОЛА, АВСТРАЛИЈА И НОВ ХИТ НА ХОРИЗОНТОТ!

Please follow and like us:
Pin Share

Со сигурни чекори, силна енергија и настапи што се паметат, Здраве Мјузик продолжува да се искачува на самиот врв на македонската музичка сцена, рамо до рамо со најпопуларните музички имиња во Македонија.

Бендот кој во последниот период бележи огромна популарност, настапува на најголемите музички настани, приватни прослави и телевизиски емисии, а публиката сè повеќе ги препознава по нивната енергија, професионалност и вистинска музичка атмосфера што ја носат на секој настап.

Следната голема станица е Битола! На 9 мај, „Здраве Мјузик“ ќе биде дел од познатиот Вински Фестивал, каде заедно со публиката ќе уживаат во вкусот на традицијата, доброто вино и прекрасната фестивалска атмосфера.

„Драги наши, на 9 мај се дружиме во Битола на Вински Фестивал. Дојдете заедно да уживаме во вкусот на традицијата, виното и прекрасната атмосфера! Со почит, вашите група ZDRAVE MUSIC!“ – порачаа од бендот.

Но, тука не запираат нивните активности. Деновиве Здраве Мјузик влегува и во студио за снимање на видеозапис за нивната најнова песна, која според најавите ќе донесе свеж звук и уште еден голем музички чекор напред.

Покрај настапите низ Македонија и бројните домашни прослави кои веќе им се резервирани, бендот интензивно се подготвува и за големата австралиска турнеја во ноември 2026 година, каде ќе бидат дел од екипата на популарното музичко шоу „Имат Немат“.

Интересот за нивните настапи во дијаспората е огромен, а Австралија повторно ќе има можност да ужива во нивната жива свирка и препознатлива атмосфера.

Уште поголема вест е што веќе е најавена и нова австралиска турнеја за октомври 2027 година, што само потврдува дека „Здраве Мјузик“ станува сериозно име не само на домашната, туку и на интернационалната сцена.

Од Битола до Сиднеј, од свадбени веселби до големи фестивали – „Здраве Мјузик“ живее музика и ја носи таму каде што публиката сака вистинска забава.

Пред нив е голем период, а едно е сигурно – ова е само почеток на уште поголем успех.

Please follow and like us:
Pin Share