Со полна пареа продолжува снимањето на новите емисии од најгледаното музичко шоу „Имат Немат“, а овојпат сè се одвива во сосема ново, модерно и импресивно студио во Охрид, кое веќе го носи епитетот – најголемото музичко студио во Македонија!
Новата телевизиска сцена блесна со врвна продукција, одлична атмосфера и публика каква ретко се гледа на нашите простори. Студиото располага со капацитет за дури 150 луѓе во публика, што му дава посебна енергија и спектакуларен амбиент на секое снимање.
Во новите емисии гостуваа големи музички имиња и омилени лица од македонската сцена: Благица Павловска, Заклина Заки, Татјана Стефановска, ОК Бенд, Дарко Билбиловски, Ташко Каранфиловски Тоше Ангеловски, Методи Столевски, Кире Науневски и многу други познати имиња кои ја збогатија програмата со свои настапи и незаборавна атмосфера.
Музичката поддршка и овојпат беше во рацете на неповторливите Здраве Мјузик, кои уште еднаш покажаа зошто важат за еден од најдобрите придружни бендови на сцената.
Домаќини на шоуто, како и секогаш, беа препознатливите Жанко ЗС и Тетинот, кои со својот стил, харизма и уникатна комуникација со гостите и публиката го прават „Имат Немат“ вистински телевизиски бренд.
Ова популарно музичко шоу е во сопственост на Ин Продукција и се емитува на сателитските телевизии ТВ Ин и Фолк Клуб, како и на сите регионални телевизии низ Македонија. „Имат Немат“ со години важи за едно од најгледаните музички шоуа во дијаспората и пошироко, а интересот постојано расте.
Но, тука не запираат амбициите на Ин Продукција! Од истото студио веќе се најавува и нов телевизиски проект – „Фолк Дуел“, шоу кое е во фаза на подготовка и кое ветува нова доза музичка возбуда за гледачите.
Емисијата „Имат Немат“ се емитува секој викенд, на различни телевизии и во различни термини, носејќи музика, забава и вистинска народна енергија во секој дом.
