Распеаните македонски гнезда никогаш не ќе се запустат кога во јатото ги имаме децата

Please follow and like us:
Pin Share

Македонското талент шоу оваа сабота во новата емисија  ни ги претставува најмалите, најмилите, децата. Сакањето на татковината се покажува на многу начини а еден од нив е почитувањето на изворните инструменти , македонската музика и песна .Се додека ги имаме децата кои од најмала возраст ги знаат и пеат македонските песни , како народ можеме да бидеме среќни дека фолклорниот корен не ќе се исуши. Можноста која им ја дава Македонското талент шоу на овие деца, не е само нивно претставување пред жирито и телевизиските гледачи.Тоа е национално будење за зачувување на фрагмент од музичкиот идентитет на македонецот. На 3 февруари на ИН ТВ ќе ги видиме 10 годишниот Давид Недановски од Ресен и Илија Неделковски кој има 15 години и доаѓа од Битола. Давид со својот памук глас на специфичен начин отпеа и со песната ги допре сите.Тој учи во ОУ “Мите Богоевски”. Го сака македонскиот фолклот член е во играорната група на КУД “Таше Милошевски”. Сака да црта и изработува фигури од различни материјали. Илија Неделковски е средношколец прва година во Средното музичко училиште во Битола. Вљубеник во изворните инструменти кои ги владее мошне успешно. Свири на кавал, зурла, кларинет. Со изборот на нумерите го исполни студиото на ИН ТВ со македонска музичка историја. Гости во оваа емисија се децата кои се гордост на Штип и Македонија , Лина и Драган Костадинови . Малите таленти кои неколку години наназад вредно работат и на вистински начин ја чуваат и негуваат македонската песна. Иако се само деца тие лани го имаа и својот прв солистички концерт , а од големиот натпревар во Бугарија во конкуренција на 5000 учесници нашите македончиња го освоија првото место. Уживаме и овој викенд во звуците на Македонија отпеани од најмалите.Премиерата на емисијата е во 14.10 на ИН ТВ.

Please follow and like us:
Pin Share