Ташко Каранфиловски : Наскоро очекувајте го мојот трет албум

Please follow and like us:
Pin Share

Неколку нови песни за периодот кој следи најавува Ташко Каранфиловски. Како што открива за естрадниот магазин Естрада плус при крај е со подготовките за третиот албум кој што планира да го промовира во најскоро време.

Ташко Каранфиловски важи за еден од најбараните македонски фолк пејачи во земјава, но и надвор од неа. Тој вложува доста време и труд кога станува збор за музиката. Во интервјуто за ИН ТВ вели дека без разлика за каков период станува збор, добар или лош, пејачите постојано треба да работат на нов материјал. Ташко периодов подготвува неколку нови песни, а најавува и промоција на неговиот трет студиски албум.

-Нема да застаниме, мора да се работи во оваа сфера. Како што спомнав работиме на една многу добра песна која што треба да излезе во летниот период, но пред тоа ќе излезат уште неколку мои песни и веќе подготвен е третиот албум. Сакав малку на поразличен начин да им го претставам на моите фанови, но за жал немавме можност да направиме една таква промоција. Во зависност од тоа како ќе се одвиваат работите во 2021-ва, сакам да го претставам мојот нов албум.-истакна Каранфиловски за Естрада плус.

Да потсетиме, пред само неколку месеци, Ташко ја промовираше неговата најнова песна насловена “Сине мој”, за која што сними и спот кој е во соработка со ИН Продукција. Тој е презадоволен од песната бидејќи како што вели “Сине мој” засега е одлично прифатена од јавноста.

Please follow and like us:
Pin Share