“Ќе се запалам пред Собрание”-Ана Николиќ искрена пред медиумите

Please follow and like us:
Pin Share

Популарната српска пејачка Ана Николиќ за српските медиуми призна дека поради апсењето на нејзиниот поранешен сопруг поминала низ вистински пекол.

Имено нивната заедничка ќерка Тара постојано прашувала каде е нејзиниот татко кој се уште е во затвор.

-Тоа беше еден од најтешките денови во мојот живот, неговото апсење. Раста е личност која е дел од мојата душа. Тој засекогаш ќе биде татко на Тара како јас што ќе и бидат мајка на Тара, вели Ана за емисијата „Ексклузивно“.

Таа додава дека поради тоа што не го пуштиле раперот од затвор сакала да се полие со бензин пред собранието на Србија.

-Кога еден ден мајката на Раста која е навистина силна жена се расплака, јас се распаднав и бев во фазон: „Сега ќе одам пред собранието на Србија и ќе се полијам со бензин, пуштете го момчето, тој навистина е невин“, вели Ана.

Please follow and like us:
Pin Share