Зоран Ванев се враќа на естрадата со нешто бомбастично

Please follow and like us:
Pin Share

Речиси цели седум години се повлече од естрадата, поради тоа што се посвети на своето професионално доусовршување. Познатиот македонец Зоран Ванев открива дека по паузата која ја направил поради неговите студии сега повторно се враќа на музичката сцена. Како што истакнува Зоран во изминатите години беше посебно посветен на медицината, каде веќе има и своја лабораторија од областа која ја изучуваше во Швајцарија. Тој најавува новитет во музичките води и како што вели нешто навистина бомбастично.

-Припремам нешто ново. Овие 2-3 години сум во потрага по убава песна, затоа што јас ако не ја осетам песната да направи бум во моето уво,не ја снимам. Имав доста понуди меѓутоа ништо не ми беше онака специфично, сеуште сум во потрага. Имам едно две, три решенија ќе видиме како ќе излезат и штом сето тоа ќе се поклопи и како очекувам јас за едно два до три месеци или пред европската летна сезона или после летните одмори ќе се случи нешто интересно, истакнува Зоран.

Според плановите Зоран открива дека еден дел ќе се снима во родната Макеоднија, Скопје, потоа дел во Белград  а првиот спот планира да го снима во Австралија. Зоран важи се еден од најомилените пејачи пред австраиската публика, како што впрочем се покажа и на неговата сегашна  турнеја во далечната Австралија. Како што додава и самиот тој е презадоволен од оваа публика и дава се од себе за и публиката да почувствува дека емициите им се заеднички кон родниот крај.

Please follow and like us:
Pin Share