Успешна на секое поле во својот живот како во музичките води така и својот професионален ангажман кој го има како професорка по хармоника во училиштетот “Илија Николовски-Луј” во Скопје. Имено, по неколкуте натпревари кои му претходеле на државниот Зуица со своите ученици бележи победи и на Општинскиот и на Регионалниот натпревар. На натпреварот кој се одржа на 12 април, таа заедно со своите ученици освоија награди по хармоника. Притоа Зуица со фотографијa која ја објави на својот фејсбук профил упати големи честитки и уште поголеми успеси кон своите ученици. Таа во својата објава напиша:

-Горда на моите сонциња. Две први, една втора и една трета награда на Државниот натпревар по хармоника.
Конкуренцијата беше исклучително јака при што учевствувале учениси од повеќе градови од нашата држава како Охрид, Штип, Битола, Крива Паланка.
-Наградите се производ на макотрпната работа, заедничкото вложување и мксимална посветеност на учениците, наставникот и родителот со нивната подршка. Ако една од овие компонненти изостане, изостанува и успехот, истакнува Зуица во изјавата за ИН.
Као што додава таа е максимално посветена на своите работни обврски поврзани со музиката од кои најповеќе изучувањето на децата на овој инструмент како нејзина примарна професија.
