Зошто Ѓоко Јовиќ се расплака на концертот во Волонгонг?

Please follow and like us:
Pin Share

Сеуште не стивнуваат низата позитивни реакции кои се свежи од нивнта неодамнешна асвтралиска турнеја. Ѓоко Јовиќ и “Енерџи бенд” и овојпат направија незаборавни концерти, оставајќи зад себе задоволна публика која најверојатно ќе го очекува понатака нивното следно доаѓање во оваа далечна земја. Она по што најповеќе ќе ја памети оваа турнеја Ѓоко Јовиќ е солзите кои ги имаше на концертот во Волонгонг. За што точно станува збор тој појаснува во екслкузивното интервју кое го направи нашата екупа на само еден ден пред нивното заминување за Македонија.

-Во Волонгонг се случи еден момент каде што на едно мало детенце отидов да му ја отпеам песната “За Велигден” ,детенцето ме потсети на моето синче кое што е најмало и има две и пол години и тука веќе знаете емоциите си говорат , ми потекоа солзи, истакна Ѓоко.

Како што додава Ѓоко, никогаш не се срамам ако нешто е добро и да се расплачам. Во периодов Ѓоко и “Енерџи бенд” веќе се подготвуваат за своите следни работни ангажмани од кои повеќето се во нашата земја а има и закажани нивни настапи како кратки турнеи низ Европа.

Gepostet von Irena Cajkic am Freitag, 15. März 2019

Please follow and like us:
Pin Share