“Од там се гледа” расположение во домашна атмосфера во Австралија на Влатко, Златко и Дамјан

Please follow and like us:
Pin Share

Важат за големи херои и промотори на македонскта песна кои ги рушат сите рекорди по посетеност на концертните настани во Австралија. Македонските музички стожери Влатко и Златко Миладиноски како и Дамјан Стојаноски на едно место ги збираат македонците од оваа длечна земја и уште повеќе ги соединуваат во едно преку песните кои ги пеат а кои се големи хитови. Тие важат за големи музички ѕвезди како во родната Македонија така и во далечната Австралија, каде се бара карта повеќе за да се биде дел од еден нивни спектакл и да се доживее она што тлее во душата на секој македонец и навира на површината кога ќе се слушнат нивните песни.

Помеѓу другото деновиве при нивниот престој во далечната Австралија излезе и спонтано видео околу нивните слободни активности кои ги имаат низ деновите. На видеото кое го објавија на социјалните мрежи се пее она што извира од самото македонско битие, кое го поткрева секој атом на македонецот. Влатко во придружба на својот брат Златко и Дамјан како и незаменливиот гајдаџија Влатко Велјаноски ја пеат спонтано низ заедничка дружба  песната “Од там се гледа”

Песна која многу повеќе допира до срцата на овие македонци кои се најдалеку од родната грутка. Дополнителната атмосфера може само да се долови од видеото но и да се почувствува кај оној кој е долги години иселен од својата родна земја.

OD TAM SE GLEDA

OD TAM SE GLEDA Vo domasna atmosfera Na Gajda so gostite Vlatko Miladinoski, Zlatko Miladinoski & Damjan Stojanoski #vlatkomelbournegajda

Gepostet von Vlatko Melbourne GAJDA am Dienstag, 2. April 2019

Please follow and like us:
Pin Share