Важат за едни од најпостојаните и најработните македонски музички имиња кои буквално немаат застој во своите настапи низ целата наша земја. Младата струмичанка Стојне Николова и Бобан Мојсовски се навистина неуморни во својата работа. Тие се во постојани настапи на свирки низ сите краеви од нашата земја. Како што истакнува Бобан, тие продолжуваат понатака и нема застој во нивната работа.
-Претежно ни с викенди од четврток до недела ги работиме. Патуваме низ цела Македонија , пред одреден период бевме и странство. Гостуваме по градовиве, претежно по градските ресторани каде што може да се собере доволен број на публика каде што имаме доволен број посетеност. Засега е тоа, па следно доаѓаат матурските , свадбите Мај месец. Летото доаѓа, нашинците ги чекаме јули, август. За септември имаме една најава за Турција. Имаме уште една најава меѓутоа не е сеуште дефинирано па за Америка за Нова година, но за тоа потоа, истакнува Бобан.
Како што претходно најавивме како новина кај Стојне е тоа што таа го привршува и својот нов солистички албум кој ќе биде насловен “Мелем за душа” за кој промоцијата се очекува да биде за многу брзо време.
