Сузе добро го знае шведскиот јазик

Please follow and like us:
Pin Share

Постојано е на релација Македонија-Шведска, нашата фолк дива Сузана Гавазова открива дека добро го научила веќе шведскиот јазик. Сепак како што вели не го практикува многу но тоа што го научила е добро како во зброување така и во пишување.

-Го научив шведскиот јазик, но не го практикувам многу ,но тоа што го учам го изговарам правилно и плус добро читам и добро пишувам шведски. Има луѓе кои долги години се таму го зборуваат јазикот но не пишуваат добро. Јас веднаш отидов во школа, а сега тоа е прво и основно мора и тие што се од надвор да знаат да збоуваат и пишуаат. Да го научат јазикот убаво и потоа да се вработат некаде, истакнува Сузе.

Помеѓу другото Сузе додава дека Шведска е убава земја за живеење и просперитет. Има работа и просперитет и за сите оние кои доаѓаат од странство, но јас не се откажувам од Македонија, вели Сузе.

-Не се откажувам од Македонија. Пак сум тука и ме влечат корените и секогаш ќе ме влечат. Тоа секогаш го кажувам, можеби досадно ќе звучам но јас си го кажувам тоа што го чувствувам во мојата душа, вели Сузе.

Токму поради тоа Сузе не ја исклучува можноста за нејзиниот новогодишен ангажман да биде токму во нејзината татковина.

Please follow and like us:
Pin Share