Подготвува бројни новитети на музички план. Фолкерката Ирена Спасовска во периодов подготвува снимање спот за нејзината нова песна “Опасно е” како и две кавер песни во нејзина извдба.
-Моментално ќе снимам еден спот за песната “Опасно е”. Се подготвувам околу тоа, бидејќи да се сними спот не е толку лесно. Треба да биде тоа добро осмислено со сценарио, локации и се што следи околу тоа. се разбира тука се и настапите околу новогодишните емисии. Исто така спремам и некои кавери, кои исто така ќе се снимаат со ИН продукција , ќе биде тоа запишано во видео запис. Тоа е некаде за декември и јануари , додва Ирена.
Што се однесува до нејзиниот ангажман околу најлудата ноќ, Ирена додава дека досега сите Нови години и биле рботни, со што и оваа ќе биде така. Сепак преговорите сеуште течат и за брзо време ќе се одлучи околу нејзиниот настап за Новата година.