“Да Капо” за следната година најавуваат своја авторска песна

Please follow and like us:
Pin Share

Годинава ја заокружуваат работно, со нов проект кој неодамна го сработија со ИН продукција.

Бендот “Да Капо” покрај низата работни ангажмани кои ги имаа преку целата година, тие неодамна изработија и проект на кавер песни од познати хит рефрени. Впрочем, новиот проект е доследен на минатите два кој на некој начин е сличен на претходните два проекти. Како што истакнуваат момците од бендот изборот на песни кои се одбрани за овој проект е според одна што е барано од страна на публиката при нивните настапи. Пред се тука спаѓаат “Ја излези Ѓурѓо”, “Жал за Деспина”, “Нема друга Македонија”, “Вардаре”, “Печалбарска”.

-Проектот го подготвувавме неполн месец од прилика траеше целата таа реализација. Договоривме термин, следуваа некои проби а за брзо време гледачите ќе имаат можност да го погледнат тоа. Задоволни сме од она што се сработи и се беше реализирано според нашиот план и идеја, истакнуваат од Да Капо.

Од оваа година новитет во бендот е тоа што со нив е заедно и женскиот вокал Љубица која одлично се вклопи. За време на летниот период “Да Капо” беа буквално најбарани во тиквешкиот регион, на низа свирки и музички свечености.

-Па претежно бевме тука во нашиот крај тиквешкиот регион. Бевме по приватни забави и овдешните локали, додава Горан од “Да Капо”.

Секако и за престојните новогодишни празници “Да Капо” ќе бидат со полни раце работа. Она што посебно го најавуваат за следната година е новитетот односно нивна нова авторска песна, која најверојатно ќе се случи за следната година.

Please follow and like us:
Pin Share