Гордана Костоска почесто гостува во Швајцарија

Please follow and like us:
Pin Share

Прилепчанката Гордана Костоска е доста барана низ локалите во нашата земја. Покрај настапите тука, таа често пее и пред нашинците во Швајцарија.

Важи за една од најбараните млади пејачки во земјава. Прилепчанката Гордана Костоска периодов има бројни настапи скоро во сите градови низ Македонија. Сеуште нема нејзин бенд, но вели дека соработува со доста музичари од естрадата.

-Во Македонија насекаде настапувам, Битола, Скопје, Прилеп, Кавадарци, Струмица, Пробиштип. Немам свој бенд, соработувам со многу мои колеги, но секогаш различно.-истакна Гордана при интервјуто за ИН ТВ.

Покрај големиот број ангажмани низ земјава, Гордана настапува и надвор од нашите граници, најчесто во Швајцарија.

-Месец дена, меѓутоа одам и се враќам. Почесто патувам за Швајцарија, има таму нашинци, но не се како нашата публика тука. Разликата е во тоа што во Македонија е повесел народот, повеќе сакаат музика, а таму некако се посрамежливи, повеќе работат него што се веселат.-раскажува пејачката, за естрадниот магазин Естрада плус.

Инаку, деновиве во студиото на ИН Продукција, Гордана ја промовираше нејзината прва песна која носи наслов Слободно. Како што можевме да забележиме на социјалните мрежи, таа доби низа позитивни коментари од нејзините обожаватели, пријатели, како и музички соработници.

Please follow and like us:
Pin Share