Стојне Николова и Бобан Мојсовски за Најлудата ноќ се резервирани во Дискотека Палма-Швајцарија. Ветуваат незаборавни моменти и одлична забава до раните утрински часови
Важат за едни од најбараните музичари периодов низ целата земја. Стојне Николова и Бобан Мојсовски за Дочекот на Нова Година ќе настапат во познатата дискотека Палма во Швајцарија.
-Со оглед на тоа што настапуваме и во ресторани и во дискотеки, имаме разновиден репертоар, така да отприлика знаеме што ќе пееме за Нова Година, а и ако имаат некои желби гостите секако ние сме тука да ги исполниме.-истакна Стојне при неодамнешното интервју за ИН ТВ.
За сите оние кои што ќе дојдат и кои најлудата ноќ ќе ја поминат во Диско Палма, Стојне им ветува незаборавна забава која ќе трае до раните утрински часови.
-Тука ќе биде најдобрата и најдобра забава, така да повелете ќе биде лудо и незаборавно.-вели младата пејачка со извонреден глас.
Инаку, Стојне и Бобан беа дел и од јубилејната забава која ја организираше Хари Сековски по повод 20 години успешно менаџерство, а која што се одржа токму во Диско Палма-Швајцарија.