Ќерката на Миле Китиќ е причината за разводот на Ана Николиќ и Раста?!

Please follow and like us:
Pin Share

Ана Николиќ одлучи да стави точка на својот брак со Раста, а како што пишува српски Ало, причината за тоа е трета личност, односно ќерката на пејачот Миле Китиќ, Елена.

Имено, се започнало кога Ана ги пронашла пораките како доказ дека Раста е близок со Елена, со која година дена работеше на нејзиниот албум.

Кога ги прочитала, Ана дознала дека Раста постојано ја лажел и дека неговиот однос со Елена не бил строго професионален, но и дека пред да бидат заедно со Ана, Раста бил близок со Елена.

Како што вели близок извор на пејачот, баш таа преписка открила детали за тајната врска, што довела до конечна одлука да се разведат и кренат раце од тој брак.

-Односот меѓу Ана и Раста беше на стаклени нозе, меѓутоа кога таа дозна за допишувањето и фактот дека Елена и Рста некогаш биле заедно, Николиќ реши да стави точка на бракот. Тогаш се увери дека неговите оправдувања дека Елена ја гледа како помлада сестра, не се вистина, туку постојано ја лажел. Тогаш откри дека тие одамна се заедно. И беше јасно дека нејзиниот сопруг и Елена кријат бурно минато и се почувствува измамена, вели изворот за порталот „Ало“.

Please follow and like us:
Pin Share