
Привршуваат подготовките за Австралиската турнеја на Оркестар Маестрал од Битола. Тие во соработка со ИН продукција ја направија и традиционалната фотосесија пред нивното заминување во Австралија.
Членовите на Оркестар Маестрал се при крај со подготовките за големата Австралиска турнеја. Тие деновиве гостуваа во студиото на ИН Продукција, а поводот беше традиционалната фотосесија која што е наменета за нивната турнеја.
-Фотосесијата помина во најдобар ред, а е наменета за турнејата која што ни претстои во Австралија. Тоа е за Новогодишните празници, одиме на 28-ми декември, а таму ќе бидеме до 5-6 февруари.-истакна Иле, познатиот вокал во Оркестарот.
Како што велат на турнејата се предвидени отприлика 8 концерти, но секако дека нема да изостанат и фамилијарните прослави и приватни забави кои во моментов се закажуваат.
-Оркестар Маестрал дочекот на Нова Година ќе го реализира во Перт, во Македонското друштво “Вардар”, поздрав до претседателот, како и до сите членови и македонци во Перт. Потоа настапуваме во другите градови кадешто ги има нашите македонци, Мелбурн, Сиднеј, Волонгонг, Голд Кост и продолжуваме низ цела Австралија.-вели Аце, еден од членовите.
Очекувањата се дека и оваа турнеја ќе биде успешна како и нивните претходни и дека нашинците кои се наоѓаат таму ќе уживаат заедно со нив во прекрасната македонска песна.