Гоце Костовски Пејак незаменливо музичко име во македонската естрада

Please follow and like us:
Pin Share

Значи за врвно музичко име на македонската естрада , а бележи и бројни музички соработки со речиси сите музички имиња.

Гоце Костовски Пејак, е речиси постојан на секоја свирка заедно со големите музички имиња. Таков беше и случајот во дискотеката “Палма” во Швајцарија каде направи незаборавна забава по повод прославата на јубилејот од познатиот менаџер Хари Сековски.

-Оние што ме познаваат долго време знаат дека работам уште од ’94-та година со групата “Опус”, кога се вратив од странство. Потоа еден подолг период со Благица Павловска соработував, а со Сузана Гавазова и уште многу други, сите наши еминентни имиња. Последниве десет години работам најмногу со нашата фолк ѕвезда Елена Велевска, имаме и заеднички сттудиски проекти и многу заеднички турнеи и настапи, истакнува Гоце.

Помеѓу другото Гоце постојано работи и твори во своето студио, при што има пет свои албуми зад себе како и голем број направени песни за нашите музички имиња. Гоце посебно настојува да ја твори македонската песна и секако да ја промовира и надвор од нашата земја на бројните негови настапи каде што е баран.

Please follow and like us:
Pin Share