Сани “распали” по своите колеги

Please follow and like us:
Pin Share

Фолк пејачката Сани без влакна на јазикот за своите колеги кои вложуваат огромна сума на пари надвор од нашата земја. 

Во последно време македонските фолк пејачи, решија својот леб да го вадат надвор од границите на Македонија, со тоа што инвестираат голема сума на пари на автори и режисери кои што се на пазарот на кој атакуваат.

Елена Велевска започна со кариера во Бугарија и сними веќе неколку песни за Бугарскиот пазар, но во последно време како да и заврши желбата за фрлање пари, бидејќи не доби никаков повратен ефект.

Деновиве, на една од српските телевизии многу често може да се видат македонски изведувачи кои снимиле песна на српски јазик, меѓу кои фолк пејачката Сузана Гавазова, Боби Павловски, Ѓоко Јовиќ и многу други кои мислат дека ќе го достигнат нивото на Балканските ѕвезди, а сето ова најмногу и засмета на пејачката Сани, која на нејзиниот Инстаграм профил распали по своите колеги кои што вложуваат пари на тој пазар, без никаков фидбек.

-Едвај чекам да почнат ѕвездите да почнат да настапуваат како Чола…Греота се доста пари вложија во своите кариери надвор од државава, а пак останаа таму кај што биле…-напиша Сани на Инстаграм.

Дали таа сакаше да ја потврди онаа старата…“Подобро прв во село, отколку последен во град“, не знаеме. Но, ќе оставиме на времето да го покаже тоа.

 

Please follow and like us:
Pin Share