Наум Петрески ќе стане дедо

Please follow and like us:
Pin Share

Среќни вести во семејството Петрески. Фолк пејачот Наум Петрески има причина плус зошто да се радува. Имено, неговата најстара ќерка Анастасија е во шестиот месец од бременоста.

Познатата пејачка Анастасија Петреска во јавноста позната како ќерка на Наум Петрески иако сакаше од јавноста да ги сокрие убавите вести, екипата на естрадниот магазин Естрада плус, ексклузивно дознава дека е во шестиот месец од бременоста. Неофицијално дознаваме дека таа носи женско бебе.

Оваа информација го израдува фолк пејачот Наум Петрески, кој за првпат ќе стане дедо.

Инаку, таа е во неколку годишна врска со пејачот од групата Биоритам, Влатко Поповски, со кој што се верија оваа година пред Божик.

 

Please follow and like us:
Pin Share