
Татјана Лазаревска и Новица Василевски веќе се ангажирани за Дочекот на Новата 2019-та година. Тие најлудата ноќ ќе ја поминат со нашите македонци во Торонто, Канада.
Познатата двојка, Татјана Лазаревска и Новица Василевски за дочекот на Нова година ќе ги забавуваат нашинците во Торонто, Канада.
Тие ќе настапат во Св. Климент Охридски, а ќе бидат придружувани од Оркестарот Бисер. За сите кои што сакаат да бидат дел од Новогодишната ноќ, забавата започнува во 7 часот, а ќе трае до раните утрински часови. Организатор на настанот е познатиот менаџер Срџан Мириќ.
Инаку, Татјана летниот период го искористи за да дојде во Македонија кадешто оствари бројни настапи со нејзините колеги и музички соработници, а го одржа и долгонајавуваниот концерт во родната Битола. Пред да се врати во Австралија таа оствари и кратка турнеја во Америка заедно со Оркестар Маестрал.