Сите сакаа да се фотографираат со него!

Please follow and like us:
Pin Share

Неодамна го снимаше својот нов спот посветен за родното место од каде потекнува, живописниот предел на

Центар Жупа. Фолкерот Благоја Грујовскиќе посвети уште една песна на своето родно место која носи наслов “Сон печалбарски” а она што можевме да го забележиме кога отидовме во самото место, Благоја во дебарскиот крај ретставува посебна музичка ѕвезда.

Речиси сите кои го пречекаа и препознаа, било да се работи за млади или повозрасни посакаа да се фотографираат со него. Секако тој не го криеше задоволството кое е взаемно и не испушни ниедна прилка за фотографија, а за тоа дали навистина е ѕвезда во овој крај  Благоја истакнува:

-Да, на некој начин, затоа што јас потекнувам од овде. Јас сум реканец од Лазарополе и мелосот што го пеам е исто автентичен од овој крај, го негувам тој мелос и секое лето сум присутен тука кога доаѓаат нашите иселеници, исто така и од Жупа од овој крај. Според мене ова е еден од најубавите краишта во Македонија и за мене најубав. Тука ме врзуваат многу нешта и често доаѓам тука, така што овде се чувствувам како дома, додава Благоја.

Благоја посебно привлече преголемо внимание со својата присутност во овој крај додека се снимаше спотот. Исто така за нагласување е и преголемото гостопримство на жителите од овој крај, каде бевме печекувани со најсрдечно добредојде.

Please follow and like us:
Pin Share