
Слаѓана Столеска летниот период го помина работно во Будва кадешто покрај ангажманите имаше и време за одмор и релаксација. Таа е презадоволна од тоа како била прифатена таму, па се надева дека и наредното лето ќе ја повикаат во Црна Гора.
Фолк пејачката Слаѓана Столеска ова лето работеше со полна пареа. Таа овојпат успеа да ги спои работата и задоволството со тоа што нејзините ангажмани беа во прекрасната Будва во Црна Гора.
-Прекрасно поминав ова лето. Навистина турбо, меѓутоа убаво затоа што си споив задоволство и музика. Работев во Будва, во еден прекрасен ресторан на ривиерата, секоја вечер работевме. Имаше доста посетеност и од македонците. Убаво беше да се слушне и македонска песна на сред Будва. Задоволни беа сите и се надевам дека наредната година повторно ќе гостувам таму.-раскажува фолкерката за естрадниот магазин “Естрада плус”.
Слаѓана вели дека во тој период имало гости од повеќе места, но е презадоволна од публиката која според неа знае како да се забавува.
-Да ви кажам искрено публиката беше прекрасна. Интересно е што таму во тој период има премногу гости од различни места, не само од Црна Гора, туку и од Србија, Македонија така да публиката навистина беше супер и весела. Затоа што секој таму е дојден на релаксација и да си помине убаво. Ние се трудевме колку што можевме повеќе нивните вкусови. Претежно се бараа српски песни за кои што беше задолжена мојата колешка која живее таму, а за македонскиот и дел од српскиот репертоар кој што го познавам бев задолжена јас, а имавме и еден колега од Нови Сад. Бевме едно мало мешано друштво, собрано во Црна Гора.-додава Столеска при интервјуто за ИН ТВ.
Од македонските песни, покрај песните Јовано, Јованке, Море сокол пие, една од најбараните била и Македонско девојче без која што не поминувала една вечер.