
Престојниов викенд во Швајцарија во познатата дискотека “Палма” на едно место ќе се собере македонската фолк и поп елита.
Поводот за ваквиот настан е јубилејната годишнина од познатиот македонски менаџер Хари Сековски, односно 20 години успешна работна кариера во поглед на менаџирањето на македонската музика. Елена Велевска, Ирена Спасовска, Кисми, Стојне Николовска, Гоце Костовски –Пејак, ДНК, Тајзи, се само дел од врвните музички имиња кои ќе бидат дел од незаборавната вечер. Секако меѓу елитата ќе биде и познатиот фолкер Благоја Грујовски , кој има само пофални зборови за неговата долгогодишна соработка со Хари.
-Хари е еден многу интересен лик. Еден темпераментен човек, позитивен, искрен и чесен човек со кого никогаш не е досадно. Има добри релации поради неговиот карактер и темперамент во Швајцарија и со менаџерите од другите бивши Југословенски земји. Дискотеката “Палма” која е српска дискотека и таму гостуваат и гостувале во изминативе дваесетина години, најголемите имиња на оваа балканска музика, буквално најголемите ѕвезди. Хари доби таму можност, во таа елита да пласира и наши уметници, еве лично јас сум бил три пати, сум пеел заедно со српски ѕвезди. Идејата на менаџментот беше да се привлечат и македонците таму во поголем број. Хари според мене е еден од најуспешните во оваа бранша што се занимава со ова во Европа и пошироко, истакнува Благоја.
Хари соработува со целата македонска естрада како од забавната така и од народната музика. Особено бројни се сите музички имиња кои својата песна ја однеле и пред швајцарската публика. Токму за тоа говорат и бројните фотографии кои како трајни спомени го поврсуваат овој реномиран менаџер со сите музички имиња со кои досега остварил соработка. ИН продукција ќе биде директен учесник на големата прослава при што со многу повеќе детали од овој голем настан ќе бидете запознаени во наредните наши емисии.
17 NOEMVRI DISKOTEKA "PALMA"
Gepostet von INTV am Freitag, 19. Oktober 2018