“Мајко чекај ме” од Дамјан Стојаноски ќе добие видео запис

Please follow and like us:
Pin Share

“Мајко чекај ме” од Дамјан Стојаноски добива видео запис. Снимањето помина во одлична атмосфера, а се одвиваше во живописните предели на селото Букојчани, Кичевско.

Во селото Букојчани, Кичевско, во соработка со ИН Продукција се снимаше новиот видео запис од Дамјан Стојаноски. Станува збор за песната “Мајко чекај ме”, со која што тој настапи на годинешното издание на Роса Фест. Дамјан при интервјуто истакна дека снимањето помина одлично, во убава атмосфера, а интересно е тоа што целото снимање се одвиваше во прекрасните живописни предели со коишто изобилува ова место.

-Не случајно го одбрав место, бидејќи оттука потекнуваме јас и мојата фамилија. Добро го познавам теренот и мислам дека направивме убави снимки и дека ќе биде убав спотот. Се снимаше во природа, има и шума, поле. Малку беше напорно со оглед на тоа што неколку сцени се снимаа на непристапни места, мораше малку пешки да одиме, но за се треба да се потрудиш за да излезе како што треба.-рскажува Дамјан, за гледачите на ИН ТВ.

Музиката и текстот за песната “Мајко чекај ме”, се комплетно дело на Дамјан, а за аранжманот се погрижи Дамир Имери.

-Идејата за песната дојде спонтано, се сработи за доста кратко време. Музиката и текстот беа готови за отприлика половина час. Потоа, останатото се работеше една недела, малку бевме и со рок, бидејќи требаше да стигнеме за фестивалот. Сега со спотот мислам дека ќе добие уште поголема тежина.-додаде тој при интервјуто.

Неговите очекувања се спотот да биде гледан и добро прифатен од јавноста. Во најскоро време истиот ќе биде промовиран на сателитската ИН ТВ.

 

Please follow and like us:
Pin Share