Бијонсе на Греми наградите со накит од 7 милиони долари

Please follow and like us:
Pin Share

Бијонсе на доделувањето на музичките награди во Њујорк носела накит вреден 7 милиони долари. Покрај скапиот и екстравагантен накит, Бијонсе носеше и провокативна црна тоалета, а целиот стајлинг беше надополнет со шапка.

Поп дивата Бијонсе на овогодинешните Греми награди не освои ниту едно признание, но сите ги засени со скапиот и екстравагантен накит. Таа на 60. доделување на престижните музички награди во Њујорк се појавила со обетки вредни речиси 7 милиони долари. Поточно за обетките направени од 70-каратни дијаманти пејачката дала точно 6,9 милиони долари.

Освен гламурозните обетки на себе имала и провокативна црна тоалета со процепи од двете страни, долж бутовите, како и штосна шапка.

Инаку, Бијонсе на доделувањето се појавила во друштво на сопругот Џеј Зи и ќеркичката Блу Ајви Картер, а иако првично го одбегнала црвениот килим подоцна се покајала па објавила фотографија од себе на која го покажала комплетниот стајлинг.

Please follow and like us:
Pin Share