Душко: Имам целосна подршка од двете ќерки и сопругата

Please follow and like us:
Pin Share

Подолго време речиси паралелно ги обавува двете свои професии, фолкерот Душко Георгиевски покрај тоа

што има успешна музичка кариера, бележи бројни успеси и во својот професионален работен ангажман, кој е адвокат по вокација. За тоа кој е успехот за ваквите две паралелни активности на Душко, открива тој самиот, како и тоа колку е тешко и напорно да се биде застапен во двете професии

-Па , во последно време навистина, секаде каде што ќе ме прашаат , признавам, да навистина е тешко. Со оглед на тоа што секоја работа си бара посветување на цел човек, цело работно време и тоа е малку тешко да се вклопи и во работните но и во фамилијарните обврски. Ќе кратиме сеуште некои работи, ќе кратиме од спиењето , малку повеќе нема да спиеме за да надополниме на други места каде што треба , се шегувам. Сепак, имам среќа што и музиката и адвокатурата се слободни професии па може слободно да се планира времето , кога има време за едната работа, со добар распоред и организација може да се постигне се, истакнува Душко.

Секако, како што додава Душко, за сите овие негови успешни работни ангажмани добива огромна подршка од своето семејство, сопругата и двете ќерки.

-Секогаш ми помагаат кога има потреба за тоа. Прифаќам сугестии , критики и бидејќи  тие повеќе разбираат како женски , повеќе и во мода , така што добредојдено ми е тоа и целосно ги примам нивните совети, додава Душко.

Сето тоа претставува голема олеснителна околкност за Душко, особено како што вели доколку на неговите настапи може да биде пропратен со некоја од неговите три грации.

Please follow and like us:
Pin Share