Група Респекти во преговори за турнеи во прекуокенските земји

Please follow and like us:
Pin Share

Група Респекти откриваат дека добиле неколку покани за концерти во прекуокенските земји. Од бендот се надеваат дека нивниот сон конечно ќе се исполни годинава.

Тие се едни од најангажираните групи во нашата земја. Момците од група Респекти досега не настапиле пред нашинците во далечните земји, но периодов ги добија и првите покани за концерти во Австралија, Канада, Америка.

-На наше изненадување, задоволство ни е што веќе имаме покани. Уште лани имавме нешто, но не успеавме да се договориме. Оваа година веќе има многу посериозни работи за турнеја некоја во Канада, Австралија, Америка, значи заинтересирани се, тоа добро го знаат нашите кои се надвор дека сепак добриот глас надалеку се слуша.-вели Даниел Сидовски, вокал на бендот.

Од бендот велат дека веќе се во преговори и се надеваат дека годинава ќе остварат некоја од посакуваните турнеи. Тие не запираат со создавање на нов материјал и со оглед на тоа што 24 часа се инволвирани во музиката, откриваат дека веќе подготвуваат доста интересен проект.

-Се трудиме да добиваме некои најнови идеи со кои би можеле да го споиме минатото со сегашноста како што кажав во неколку наврати. Така да најавуваме албум, но кога ќе излезе незнаеме точно. Сепак сме презафатени со свирки, свадби, различни забави, бидејќи не свириме еден тип.-додава пејачот.

Даниел напоменува дека група Респекти свират различни типови на музика, бидејќи сакаат да го исполнат она што го бара публиката и затоа на нивниот репертоар има музика за сечиј вкус.

Please follow and like us:
Pin Share