Вики Филипова ја претстави нејзината нова песна “Змија”

Please follow and like us:
Pin Share

Вики Филипова која живее и работи во Германија, слободното време го користи да дојде во Македонија и да сними нови песни. Вики во студио во Прилеп ја сними нејзината најнова песна со наслов “Змија”.

Вики Филипова ја претстави нејзината нова песна со наслов “Змија” која ја снимаше за време на кратокиот престој во Македонија. Секоја прилика и секое слободно време, Вики го користи за да дојде во Македонија и да сними нов материјал, но и да си најде нови соработници.

-Песната е една обработка, но мене мелодијата на таа песна многу ми се допадна и затоа беше идејата моја. Песната ја изработи Славко “Pro sound” од Прилеп. Во песната на зурла свири Гоце од Синтезис, дојде и ја снимивме песната, па еве сега е време да ја претставиме пред јавноста.-додава пејачката.

Таа нејзиното доаѓање во Македонија го искористи за да направи и професионална фотосесија која ја работеше ИН Продукција.

Во продолжение слушнете ја нејзината најнова песна “Змија” !

 

Please follow and like us:
Pin Share