Душко Георгиевски го оствари својот сон со инструментот со кој другарува од детствтото –флејатата

Please follow and like us:
Pin Share

Познатиот македонски фолкер Душко Георгиевски во едно ново светло на макдеонската музичка сцена. Ретко кој знае дека Душко години наназад, од својата 12та година, другарува со флејтата.

-Со овој инструмент другарувам уште од моите најмлади години , поточно од 10, 12 години, меѓутоа љубовта кон овој инструмент остана. Учев од големиот мајстор  , сега веќе покоен Иван Терзиев, кој што најде сила и поседуваше капацитет и можност да тие изворни дела ги обработи да бидат во верзија со флејта. Од него учев, тоа е за мене еден посебен правец во музиката. Конечно ми се оставри мојот сон, како дете сакав да снимам нешто вакво, можеби требаше повеќе години да поминат , но ете конечно се реализираше, истакнува Душко.

Инструменталното оро е насловено “За Мила”,  а е посветено за помалата керќичка на Душко.

 

-Задоволен сум и мислам дека направивме едо убаво дело. Иако трае пет минути, мислам дека е добро за слушање. Има убави премини од хармоника на флејта и ј постигнавме целта, додава Душко.

Ваквото музичко достигнување на Душко претставува едно умешно испреплетување на флејата во народниот мелос, нешто што е многу малку експонирано во македонската музика. Токму ова би претставувало повод за понатамошни инспирации на младите музичари кои доаѓаат на македонската музичка сцена. Флејтата е застапена и во македонскиот фолклор , особено во староградската песна и ова е еден мој придонес кон збогатување на македонската ризиница, додава Душко.

Please follow and like us:
Pin Share