Сите нејзини песни кои ги отпеа во 90те години се големи хитови , рефрени без кои и денес не може да помине ниту една веселба, а ги препејуваат и нејзините помлади колешки. Фолк дивата Благица Павловска сеуште е активна на музички план и твори, таа создава музика која сега е во еден поинаков правец. Впрчем како што вели и самата, среќна сум што сум во Македонија и можам слободно да создавам музика. Таа посебно го нагласува фактот што сега, за ралика од претходно посебно се одбирале пејачите со кои може да се снимаат песните.
-Многу песни се многу слушани. Од 1992 година интензивно се слушаа тие песни тогаш о беа редуцирани пејачи. Не можеше секој да сними , мораше да го изберат за да сними. Ако си квлаитет ти си добар и ќе пееше, ќе те изберат. Јас ја имав таа среќа, вели Благица.
После големиот хит, кој претставува своевидна утринска химна, песната “Добро утро Македонијо”, Благица изминатиов период ја создаде и песната “Мајката Божја Македонија”, но со еден поразличен стил и начин. Благица го открива и фактот што посакувала да остане во бивша Југославија, конкретно во Сраево со цел таму да ја изгради својата кариера, но сепак како што вели среќна околност беше што дојдов тука да творам во мојата земја.
-Меѓутоа бев спречена, немав среќа па се вратив во Македонија. Требало да се вратам тука и да отпочнам од тука професионано да пеам македонски песни да го поминам сето она што досега го имав. Во оваа песна чувството сакав да го искажам за сите македонци било каде и да се, истакнува Благица.
Како што најавува Благица, таа и понатака ќе продолж ида снима песни и да ги остава во трајност на македонската музичка естрада.