Со полна пареа работат момците од група Респекти. Тие за следниов период подготвуваат песни за нов албум, а планираат да реализираат и проект со кавери од познати македонски и екс ју хитови.
Група Респекти се врвни музичари кои работат со полна пареа. И покрај големиот број настапи и работни ангажмани, тие не запираат, а веќе подготвуваат и нов албум за кој како што велат ќе биде спој на минатото со сегашноста.
Ние не застануваме, работиме со полна пареа. 24/7 сме инволвирани во музиката, тоа е нашата работа. Се трудиме да добиваме нови идеи со кои би можеле да го споиме минатото со сегашноста, како што напоменав и претходно. Така да најавуваме албум, кога ќе излезе незнаеме точно.-вели Даниел Сидовски, вокал на група Респекти.
Даниел истакна дека освен албумот, наредниов период ќе реализираат и уште еден нов проект со кавери на познати македонски и екс ју хитови.
-Знаеме дека во денешницата младината многу ја почитува и нашата соседна музика. Неможеме да го оспориме тоа дека само македонска музика можеме да направиме бидејќи прифатлива е и нашата соседна музика. Ќе направиме доста проекти со мешани миксови македонски забавни, екс ју и многи народни песни, бидејќи гледам дека нашата младина почна да се навраќа и на македонската песна, што ни е многу драго.-додава тој.
Како што вели тој токму тоа е и целта на сите македонски музичари, да ја вратат македонската народна песна кај младите луѓе во Македонија, бидејќи имаме навистина прекрасни и квалитетни песни.