Тања Јовановска : Турнејата не би била успешна доколку не се оди со добрa екипа !

Please follow and like us:
Pin Share

Турнејата надвор од Македонија не би била успешна доколку не се оди со добро одбрана екипа. Ова го истакна пејачката Тања Јовановска која во 2017-та година беше на турнеја во Канада, заедно со Анета Арсовска и група Алтернатор.

Тања Јовановска минатата година оствари успешна турнеја во Канада. На ова патување таа беше заедно со нејзината колешка Анета Арсовска, како и група Алтернатор. Таа потенцира дека турнејата не би била успешна доколку нема добра екипа.

Поминавме преубаво и јас сум тип што не сака да оди на турнеја по секоја цена. Не зборувам за цена колку чини, туку сакам кога ќе појдам да се споиме да бидеме екипа како што бевме и оваа година во Канада. Сепак кога ќе отидеш таму колегите со коишто си отиден и колешка треба да се најдат тие сродни души, затоа што таму сме по месец, месец и пол, живееме во иста куќа на исто место, на иста маса и ако со некого нема поврзаност, колку и да била успешна турнејата со концерти оној другиот дел ти е празен.-истакна Јовановска.

Таа вели дека поврзаноста и убаво поминатото заедничко време со колеги и менаџери е клучен фактор за успешна турнеја. За 2018-та година сеуште нема некоја најава за концерт надвор од земјава, но би требало да има бидејќи секоја година излегува по една турнеја. Тања не е таков тип на човек кој однапред сака да ги планира работите, според неа случајноста е најубава.

Please follow and like us:
Pin Share