Екстра бенд Скопје задоволни од нивната печалбарска песна

Please follow and like us:
Pin Share

Момците од Екстра бенд-Скопје задоволни од слушаноста на нивната песна со печалбарска тематика, “В туѓа земја не останувам” за која снимија и видео запис во соработка со ИН Продукција.

Пред извесно време, Скопскиот Екстра бенд го промовираа видео записот за песната “В туѓа земја не останувам”. При гостувањето на Новогодишното шоу во ИН Продукција, Кристијан вокалот на бендот истакна дека се презадоволни од самото видео, како и од слушаноста на песната, која е со печалбарска тематика.

-Видео записот го работеше ИН Продукција. Задоволни сме, песната гледаме на свадбите која ја свириме некои луѓе веќе ја пеат, што за нас е дури и изненадувачки, нова песна, а да ја знаат луѓето. Тоа е добар знак и за нас и за ИН ТВ.-вели Кристијан.

Годината што измина помина доста успешно за овие млади момци, бидејќи како што велат беа доста работно ангажирани на семејни веселби, свадби и слично. Тие очекуваат 2018-та да биде уште поуспешна за нив.

-Па околу ангажманите за наредната година имаме доста свадби договорени уште отсега, се надеваме дека сите датуми ќе бидат полни, сабота, недела, петоци, кога е сезоната на свадби.-додава тој.

Тие снимија и самостојно Новогодишно шоу со сплетови од македонски народни и забавни песни, странски хитови, како и неколку ју рок песни. Во соработка со Ин Продукција.

 

 

 

Please follow and like us:
Pin Share