Битолскиот оркестар Матестрал кој како по традиција секоја година во јануари месец ја имаат својата турнеја надвор од нашата земја, така и оваа година тие за време Новогодишните празници се во Америка , поточно едномесечна турнеја во Колумбија – Охајо.
Досега, покрај новогодишната ноќ, одржаа и два концерти во Колумбија и Чинчинати. Од оваа година, оркестарот Маестрал е со малку проширен состав, со младите талентирани членови Андреј Илиоски и неговата сестра Христина Илиоска. Впрочем младиот Андреј е своевидна астракција на сите нивни настапи пред нашинците во оваа далечна земја.
Оркестарот Маестрал за време на нивниот престој во Америка ќе одржат и други најавени концерти во Индијана и Чикаго.
Додека пак, за новогодишната ноќ Христина Илиоска беше специјална гостинка. Инаку младите Андреј и Христина се деца на Рубин, добро познатиот член на оркестарот Маестрал.